Министерот Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Берово, г. Звонко Пекевски
Денес, министерот ангажиран за дијаспора д-р. Џемаил Чупи потпиша договор за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Берово г. Звонко Пекевски.
Согласно потпишаниот договор во општината ќе започне со работа општинска канцеларија која ќе има посредничка улога со цел на граѓаните од дијаспората да им се овозможи полесен пристап до потребните информации и да им се даваат дополнителни упатства врз основа на нивните права и обврски во соодветните постапки пред надлежните органи за време на нивниот престој во матичната земја.
Овој нов почеток на соработка ќе создаде трајни врски на РСМ со нашата дијаспора во странство и ќе биде во нејзин добробит, но и во добробит на жителите на Општина Берово.