Министерот Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Делчево, г. Горан Трајковски

Денес, во рамките на потпишувањето на договори за соработка во областа на дијаспората со општините и отворањето на „Центарите за дијаспора“, во просториите на Општина Делчево, министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи заедно со градоначалникот на општината, г-дин Горан Трајковски и во присуство на претставници на државните институции на подрачните единици, како и претставниците на медиуми, во пријателска атмосфера се потпиша договор за соработка.
Со денешното потпишување се финализира првата фаза од овој проект кој е од голема важност за нашата дијаспора ширум светот.

Macedonian