Министерот Чупи учествуваше во проектот „Социјален и економски развој на околината Радика“

На покана на претседателот на културното друштво кое дејствува во Pieve di Soligo (Тревизо) на Република Италија, г. Роберто Менегон и чие членство вклучува и претставници од нашата дијаспора, во работата на проектот насловен „Социјален и економски развој на околината Радика“, поточно пилот-проектот за заштита на пејзажните вредности и регенерација на селата, со посебен акцент во процесот на трансформација на селото Јанче во туристичко село, учествуваше и министерот за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи. 
Во дискусијата, министерот Чупи ја истакна својата посветеност како министер за дијаспора за финансирање на проекти од дијаспората, проект кој ќе се реализира на почетокот на следната календарска година.

Macedonian