Средба на министерот Чупи со претприемач од дијаспората.

Министерот задолжен за дијаспора, д-р Џемаил Чупи заедно со директорот на Агенцијата за странски инвестиции г-дин. Беким Емини се сретна со г-дин. Лурзим Исламовски, претприемач со потекло од Република Северна Македонија кој живее и работи во Римини, Италија .
Г-дин. Лурзим покажа интерес за поволностите кои Владата на РСМ им ги нуди на претставниците на нашата дијаспора во поглед на финансиска поддршка за инвестиции и воедно тој изрази подготвеност да инвестира во Центар Жупа во сферата на градежништвото. 
Се надеваме дека неговата бизнис замисла и цел ќе се реализира и ќе симболизира „отворена врата” за многу други потенцијални инвеститори од дијаспората.

Macedonian