Еднодневна обука за ориентација во работните активности на „Центрите за дијаспора„ на локално ниво

По потпишувањето на договорите за соработка во областа на дијаспората помеѓу Владата на Република Северна Македонија и општините, следен чекор е обука која ќе ги насочи вработените во овие канцеларии кон ефективно извршување на новите задачи и поттикнување на координирана соработка помеѓу вработените од сите општини кои учествуваат во овој проект и вработените од Министерството за информатичко општество и администрација, на чело со министерот Адмирим Алити, кои ќе соработуваат со нив, како и останатите претставници на институциите вклучени во Договорот помеѓу Владата на РСМ и општините, и во Националната стратегија за соработка во областа на дијаспората.

На иницијатива на министерот, а во соработка со ИОМ - Скопје и МИОА, во просториите на хотел Double Tree by Hilton, се одржа еднодневна обука за ориентација во работните активности и јакнење на капацитетите на институциите во полза на дијаспората.

 

Macedonian