Владина делегација предводена од министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми во посета на Германија: Изразена поддршка на Владата на патот кон евроатлантските интеграции

Министерот задолжен за за дијаспора Едмонд Адеми, придружуван од директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов, од 1 -4 септември престојуваа во работна посета во Берлин и Бремен, во Сојузна Република Германија.

Министерот Адеми во Берлин, се сретна со претставниците на фондацијата Фридрик Еберт (ФЕС), шефот на одделот за централна и источна  Европа, Матијас Јубелиус и заменик шеф на одделот за централна и источна Европа, Даниел Рајнхарт, кои ги информираше за актуелната политичка состојба во Република Македонија.

Претставниците на ФЕС, изразија силна поддршка на Владата на Република Македонија, која останува максимално посветена на континуитетот на реформите на патот кон евроатлантските интеграции, кои обезбедуваат сигурна иднина за сите граѓани.

Во таа насока, на средбата, на која беа присутни и претставници на македонската дијаспора се разговараше и за претстојниот референдум и посебно внимание се посвети на можноста за воспоставување на поголема соработка во иднина, со цел  подобрување на условите за интеграција на македонската дијаспора во германското општество.

Со дел од македонската дијаспора министерот Адеми и директорот Шалваринов остварија средба и во германскиот град Бремен.

Средбата беше искористена да се слушнат потребите на иселениците, за подобра интеграција во германското општество и истите подоцна им беа презентирани на претставниците на власта.

Со таа цел беа остварени средби со претседателот на германската Стопанска комора за надворешна трговија и туризам, Михаел Албер и со претседателот на Сенатот и градоначалник на Бремен Карстен Силинг.

Министерот Адеми, заедно со градоначалникот Силинг имаа можност да го отворат настанот „Недела на интеграцијата“, настан кој градот Бремен го празнува шест години по ред, а со кој се става акцент на тоа дека градот е отворен за сите  граѓани во него,  независно на нивната национална верска или расна припадност. 
Во богатата работна агенда на министерот Адеми и директорот Шалваринов, при посетата на Германија, беше и средбата со  Антје Гротхер, член во парламентот во Бремен, а воедно и претседател на парламентарната група на СПД.

На средбата со Антје, на која се разговараше за интензивирање на соработката со Бремен, присуствуваше Самија Мурати, дел од македонската дијаспора, стопанственик, кој 30 години живее и работи во овој германски град.

За политичката состојба во Македонија и за идната соработка со Бремен, министерот Адеми разговараше и со Генералниот секретар на државниот Парламент на Бремен, Ханс-Јоаким вон Вахтер.  

Вон Вахтер изрази силна поддршка за владините одлуки на политички и економски план.

Владината делегација, својата турнеја во Европа ја продолжува во Виена, главниот град на Република Австрија, каде  министерот за дијаспора и директорот на Агенцијата за  иселеништво ќе се сретнат со иселеници и иселенички организации.

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: