Во градот Фрауенфелд, министерот Чупи се сретна со филантропското семејство Тахири со потекло од општина Врапчишт

Во градот Фрауенфелд, министерот Чупи одржа работен ручек со семејството и друштвото на успешниот бизнисмен и филантроп во Швајцарија со потекли од селото Добридол во општина Врапчишти, г. Зијајдин Тахири.

Во текот на разговорот г. Тахири изрази подготвеност да инвестира во нашата земја во обновливи-фотоволтаични енергии и производство на електрична енергија со швајцарски партнер, како и во изградба на катни гаражи, проект кој веќе е во тек во градот Гостивар.
Вреди да се спомене дека семејството на г. Тахирит придонесува за својот роден град каде е безрезервен поддржувач на фудбалскиот клуб „Беса“ во Добридол.

Macedonian