Министерот д-р. Џемаил Чупи учествуваше на отворањето на дводневната работилница за зајакнување на капацитетите на релевантните институции за креирање и имплементирање на иницијативи за вклучување и соработка со дијаспората

Во организација на Меѓународната организација за миграција - Скопје, министерот д-р Џемаил Чупи учествуваше на отворањето на дводневната работилница за зајакнување на капацитетите на релевантните институции за креирање и имплементирање на иницијативи за вклучување и соработка со дијаспората.

Во својот поздравен говор, министерот Чупи имаше можност да им се обрати на организаторите, учесниците и гостите на овој настан. На овој настан присуствуваше и амбасадорот на Република Италија во РСМ, претставници од Министерството за надворешни работи, претставници од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот итн. со кои ја искористија можноста да ги разменат своите ставови и општи искуства. 

Ваквите организирани настани се повеќе од неопходни и добредојдени заради нивниот придонес кон зајакнување на националните напори за вклучување на дијаспората во социо-економскиот развој на Република Северна Македонија и креирање на сопфатни миграциски политики во согласност со ЕУ и меѓународните стандарди.

Macedonian