Mинистерот задолжен за дијаспора го потпиша Договорот за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Ново Село, г. Ѓорѓе Божинов

За време на тековните работни активности, во просториите на општина Ново Село, со градоначалникот на оваа општина г. Ѓорѓе Божинов, министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи го потпиша Договорот за соработка во областа на дијаспората.
На овој настан покрај градоначалникот Божинов присуствуваа и други службеници од оваа општина, со кои министерот разговараше и се договорија да продолжиме со континуирана соработка на овој проект “Центар за дијаспора”, со цел давање на услуги заради олеснување при исполнувањето на барања на дијаспората за време на нивниот престој во татковината.

Macedonian