Министерот задолжен за дијаспора,д-р. Џемаил Чупи одржа средба со претставници на Канцеларијата на Меѓународната организација за миграција – ИОМ во Скопје.

Во рамките на соработката со меѓународните организации кои работат во нашата земја, денес министерот задолжен за диајспора, д-р. Џемаил Чупи одржа средба со претставници на Канцеларијата на Меѓународната организација за миграција – ИОМ во Скопје.
Шефот на канцеларијата на ИОМ, г.ѓа Соња Божиновска-Петрушевска изрази подготвеност за продлабочување на заедничката соработка на полето на дијаспората за директна поддршка во текот на процесот за целосно пристапување на РСМ во Европската унија во смисла на вклучување и ангажман на различни експерти кои би помогнале во овој важен процес за нас и во насока на градење на капацитети во областа на миграцијата и развојот, со фокус во полето на дијаспората.
Министерот на гостите им предложи неколку точки каде што е потребна нивна поддршка во реализација на активностите кои произлегуваат од Националната стратегија за соработка со дијаспората, како на пр. за целосна функционализација на проектот „Центар за дијаспора“, ангажман на меѓународни предавачи со нивни предавања, организирање на работилници за вработените во општинските канцеларии, како и нивно опремување со технички средства.
Исто така, оваа поддршка може да се прошири и со организирање на „Денот на дијаспората“ во општините на РСМ, ангажман на меѓународни експерти во делот на мапирање на дијаспората, ангажман на визитинг професори од дијаспората на универзитетите во нашата земја итн.

Macedonian