Министерот Џемаил Чупи учествуваше на меѓународната научна конференција „Балканот и глобализацијата“
Во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Скопје, министерот д-р. Џемаил Чупи учествуваше на овој настан каде имаше чест да им се обрати на присутните со поздравен говор, во продолжение можете да го прочитате целиот говор:
Поздравен говор - Меѓународна научна конференција „Балканот и глобализацијата“
Почитуван домаќин на оваа меѓународна научна манифестација, истовремено директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, г. Скендер Асани, почитуван колега Заменик-министерот за образование и наука, г-дин Лулзим Алиу, почитуван директор на Агенција за примена на јазикот, г-дин Илбер Села, почитуван заменик директор на Агенцијата за иселеништво, г-дин Измит Нура, почитуван главен уредник на конференцијата, г-дин Сефер Тахири, почитувани функционери на државни и јавни институции, почитувани истражувачи, професори, претставници на истражувачки институти од земјата и регионот, почитуван Организациски совет, почитувани новинари, почитувани присутни, дами и господа.
За мене, учеството на оваа научна конференција организирана од вашиот Институт не само што претставува посебно задоволство, туку и голем предизвик, тоа е поради фактот што „ако се каже дека светот се претвори во глобално село“, каде што имаме брз пристап до информации и слобода на движење на луѓе, прашањaтa што верувам дека не засегаат сите нас е: Каде е положбата на Балканот во ова средина? Колку напредна е во процесите на глобализација? Зошто од ден на ден се зголемува миграцијата на Балканот и кај нас? Кои се стратегиите и мерките на државата за справување со овие проблеми?
Да се фокусирам на она што е исто така во фокусот на мојата политичка определба како министер задолжен за дијаспора, Република Северна Македонија има голема и релативно значајна дијаспора. Ако зборуваме со оптимизам, можеме да кажеме дека оваа дијаспора се повеќе се организира за културни, образовни, социјални, национални и верски активности, подготвена да и помогне на својата земја во секое време, а ако зборуваме со песимизам, за жал, мораме да констатираме дека во последните две децении миграциските движења не се длабоко проучени и како резултат на тоа не можеме да се пофалиме дека државните мерки и активности во функција на општествениот и економскиот развој од нашата дијаспора ги дадоа посакуваните и очекуваните резултати сто проценти.
Со зголемување на трендот на млади луѓе кои се ориентирани кон подобар живот во развиените западни земји, додавајќи го на тоа и одливот на мозоци, имено миграција на професионалци, лекари, инженери и сл. Се наметнува потребата од промени во досегашниот третман на овој проблем, што може да има дури и контра-ефекти, со долгорочни последици и импликации. Затоа денес, потребата од подлабоко проучување и фокусирање на ова прашање, не само на политичкиот спектар туку сеопфатен јавен пристап, со посебен акцент на истражувачите и научните истражувачи, се смета за итна.
Имајќи го предвид големиот број на дијаспората и високиот процент на дознаки од нивна страна, во последно време се зголемува интересот на државата во однос на дијаспората. Овде потсетувам на актуелната Национална стратегија за дијаспора што Владата и мојот кабинет ја спроведуваат, сето тоа за да ја реафирмираме нашата посветеност за секој претставник на дијаспората да има загарантирани права, да има познавање за правата и за можностите да придонесе за одржлив развој во Северна Македонија.
Кога ја анализираме оваа тема, ќе видиме дека во нашата држава се донесени многу закони и прописи, ратификувани се многу договори за соработка со соседните земји, постигнати се многу билатерални договори за пензиско осигурување итн. Сето тоа за да се обезбедат подобри услови за нашата дијаспора таму каде што живеат, но и удобност при престојот во татковината, да се создадат подобри услови за инвестирање и така натаму. И покрај ова, да бидам реален, мислам дека сме далеку од нашата конечна цел да ја спречиме миграцијата и да ги вратиме во нивната татковина.
Затоа, овозможувањето на дијаспората да има поактивна улога е исклучително важно за развојот на нашата земја, од причина што само на тој начин ќе излезат на виделина успесите на многу наши сонародници кои живеат надвор од земјата, кои ги достигнаа височините на успехот на различни полиња како што се: бизнис, медицина, уметност, наука итн. Но, за да се реализира ова, прво треба да се идентификува нашата дијаспора. Така да сметам дека мапирањето на нашата граѓанска, научна и економска дијаспора е еден од приоритетите на мојот кабинет.
Дијаспората се повеќе се смета економски промотер на развојот, кој може да ја зајакне соработката меѓу татковината и средината во која што живее. Неговиот придонес не треба да се гледа само во испораката на хуманитарна помош, или во апсорпцијата на инвестиции и претприемачки активности, но и на полето на пренесување на нови професионални вештини, како и придонес во развојот на демократизацијата на земјата и заштитата на човековите права.
Сите локални институции кои имаат и најмала допирна точка со нив мора да придонесат за градење капацитети за подобра комуникација со нашата дијаспора. Погодно време е власта да ја смета дијаспората како рамноправен партнер во одлучувањето и клучен неделив дел од благосостојбата и просперитетот на државата.
Како министер во Владата задолжен за дијаспората, сум особено внимателен на се што е поврзано со мојата област на компетентност, сето тоа за да се олеснат процесите на вклучување на нашата дијаспора во сите сфери на животот, како во земјата каде што живееат, така и во родниот крај, ставајќи акцент на проектот за отворање „центри за дијаспора“ во соработка со локалната самоуправа.
На крајот, соработката со нашата дијаспора треба да биде континуирана активност на сите граѓани, без исклучок. Затоа, неопходно е да се испрати една заедничка порака од сите нас, а тоа е дека нашата дијаспора е кремот на општеството и е толку ценета колку што сите ние ја цениме нашата татковина.