Министерот г. Џемаил Чупи во работна посета на Република Италија оствари средба со з. генерален директор на Директоратот за дијаспора и миграциски политики г-дин Роберто Мартини
Работната посета на Република Италија ја започна со средба која се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи на Република Италија во Рим, со з. генерален директор на Директоратoт за дијаспора и миграциски политики, г-дин Роберто Мартини.
На состанокот се истакна важноста од активно вклучување во разни области од општественото живеење на нашата дијаспора во Италија, која според податоците се покажува бројка која не е за занемарување, а изнесува повеќе од 63 илјади.
Министерот г. Џемаил Чупи оствари работна средба со претставници на Демократската партија на Албанија
Средба со претставници на Демократската партија задолжени за соработка во областа на дијаспората, пратеникот г. Крешник Чолаку, заменик-претседател на Поткомитетот за дијаспора и член на Комисијата за надворешна политика, заедно со г-ѓа. Орјола Пампури, потпаролката на пратеничката група на Демократската партија.
На средбата посебно внимание се придаде на прашања од дијаспората, важноста за продлабочување на меѓуинституционалната координација меѓу земјите од Западен Балкан за пан-албанската дијаспора.
Министерот г. Џемаил Чупи оствари средба со преставници на Социалистичка Партија на Албанија
Средбата со претставници на Социалистичка Партија на Албанија за прашања од дијаспората, пратеникот г. Лавдрим Краши и заменик министерката за внатрешни работи г.ѓа Ромина Куко, реализирана е во просториите на седиштето на СП во Тирана.
Министерот Чупи на средбата истакна дека унапредувањето на правата на дијаспората треба да биде наша заедничка заложба, за што владите на двете земји преземаат бројни мерки во овој правец. Исто така е важно веќе потпишаниот Меморандум за соработка во областа на дијаспората меѓу двете земји да биде што поскоро ратификуван од страна на парламентите во Република Албанија и Република Северна Македонија.