Министерот г. Џемаил Чупи на работна средба го прими директорот на Управата за водење на матичните книги, г. Блерим Абази
Министерот д-р Џемаил Чупи на работна средба го прими директорот на Управата за водење на матичните книги, г. Блерим Абази.
На средбата се разговараше како да се олесни издавањето на документација од страна на Управата за матични книги за граѓаните кои живеат во дијаспората, особено во летниот период кога приливот на мигранти е поголем.
Исто така се разговараше и за правење соодветни законски реформи во земјава со цел да се усогласуваат со издавањето на дигиталните документи што веќе се применува во западниот свет.