Министерот Чупи во градот Винтертур учествуваше на трибината организирана за камен-темелникот на џамијата

Во духот на соработката со верските заедници, во градот Винтертур, министерот Чупи со големо задоволство учествуваше на трибината и собирањето средства по повод камен-темелникот на новата џамија што ќе се гради во Винтертур.

Macedonian

Министерот Чупи се сретна со претседателот на Унијата на албанските исламски заедници во Швајцарската Конфедерација, г. Мехаз Алија

Во градот Цирих, во просториите на првата џамија што ја изгради нашата дијаспора во Швајцарија, министерот Чупи се сретна со претседателот на Унијата на албанските исламски заедници во Швајцарската Конфедерација, г. Мехаз Алија и дел од неговиот кабинет.

На оваа средба министерот Чупи ја оценува работата на овој Унија кој игра голема улога во интеграцијата на муслиманската и албанската дијаспора во Швајцарската конфедерација.

Macedonian

Министерот Чупи оствари средба со претставниците на Федерацијата на лекари Албанци за Европа

Министерот Чупи во градот Цирих оствари средба со претставници на Федерацијата на лекари Албанци за Европа.

На оваа средба, министерот Чупи оствари важен разговор со Федерацијата на лекари Албанци за Европа, поточно со претставниците за Швајцарија, на чело со проф. Д-р. Фадил Читаку и Д-р. Арб’р Морина, со што г. Читаку и г. Морина ја расплетува неколкугодишната работа на Федерацијата, која со своите научни резултати сведочи за постигнување на високо ниво на успех, што резултира не само во Европа, туку и во светот.

Macedonian

Министерот Чупи во градот Цирих се сретна со Македонската заедница претставена од повеќе кантони на Швајцарската Конфедерација

Министерот Чупи во градот Цирих оствари средба со Македонската заедница претставена од повеќе швајцарски кантони.

На оваа значајна средба се разговараше за прашањата со кои се соочува дијаспората на Република Северна Македонија, при што еден од проектите на кои се разговараше беше можноста за формирање паралелки за изучување на мајчиниот јазик, исто така министерот Чупи го обелодени и работниот проект „Центри на Дијаспора“.

Macedonian

Pages