Едмонд Адеми: Делата на Спасе мост помеѓу Албанија и Северна Македонија
“Стерjо Спасе е пример за сите нас кои живееме на Балканот. Фигурата на Спасе треба да биде пример за сите нас, за тоа дека соработката на културите е неопходна, секогаш тргнувајќи од гледиштето на човечноста, интелектуализмот и уметноста”- рече министерот без ресор задолжен за Дијаспората Едмонд Адеми говорејќи за големиот писател Стерјо Спасе во Корча, Албанија, каде се одбележа 105 години од раѓањето на познатиот писател со македонско потекло.