Иницирање постапка за ратификација на билатерален договор за социјално осигурување склучен со Кралството Данска.
Со цел проширување на опфатот на земји на престој на дијаспората со билатерални договори за социјално осигурување, предвидено во акцискиот план за спроведување на Националната стратегија за соработка со дијаспората, од страна на Министерството за труд и социјална политика, побарано е да се иницира постапката за ратификација на билатералниот договор за социјално осигурување склучен со Кралството Данска. Имено Договорот за социјално осигурување меѓу Република Северна Македонија и Кралството Данска е ратификуван од страна на Република Северна Македонија на 20-ти март 2000 година и објавен, но не е влезен во сила бидејќи сеуште не е ратификуван од страна на Кралството Данска.