Министерот г. Џемаил Чупи во работна посета на Република Албанија, оствари средба со поранешниот Министер за надворешни работи, г. Ариан Старова
На работниот ручек со поранешниот министер во Министерство за надворешни работи на Република Албанија, поранешен пратеник и актуелен Претседател на Либерално-демократскиот сојуз г. Ариан Старова, се разменија мислења и искуства во областа на дипломатијата а во тој контекст беа споменати и проблематики со кои се соочува нашата дијаспора.