Адеми: Со Мајка Тереза се гордеат сите граѓани на Република Северна Македонија

Пораки за мир, разбирање и меѓусебно почитување беа истакнати на денешното отоврање на статуата на Света Мајка Тереза во хрватскиот град Карловац. На свечениот настан присуствуваше министерот за дијаспора Едмонд Адеми, кој во својот говор високо го истакна ликот на Света Мајка Тереза.

“Како Албанец од Република Северна Македонија, почита и честа кон Мајка Тереза е дополнително посебен, знаејќи дека милосрдниот мисионер, е роден на 26 август 1910 година во Скопје како Ањезе Гонџа Бојаџиу”, рече Адеми.

Со Мајка Тереза се гордеат сите граѓани на Република Северна Македонија, без разлика на етничката или верската припадност. Со неа зе гордее целиот свет, додаде Адеми.

Тој меѓудругото се заблагодари на градот Карловац, како и на сите активисти од нашата дијаспора кои иницираа и придонесоа во воспоставување на статуата на Света Мајка Тереза, потенцирајќи дека денови како овој треба да не потсетат дека треба да продолжиме и да ја следиме мировната мисија на Света Мајка Тереза.

„Не можеме сите да правиме големи работи. Но сите можеме да правиме мали работи со многу љубов“, порача Адеми цитирајчи ја Света Мајка Тереза.

Во свеченото откривање на статуата на Мајка Тереза, присуствува и политички претставници од Република Хрватска, Република Албанија и Република Косово, како и разни други гости

 

Карловац, 23.03.2019 

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: