Едмонд Адеми: Постои силна основа за дополнително зајакнување на соработката со властите во Швајцарија

Во Лозана, министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, оствари две работни средби.

 

Министерот првично се сретна со Башким Исени, кој раководи со Бирото за имиграција во градот Лозана. Господинот Исени презентираше дел од неговите активности во Бирото за имиграција и истакна дека постои силна основа и можност за практично продлабочување на соработката на различни нивоа.

 

Дополнително на тоа, министерот Адеми и господинот Исени разговараа за македонската дијаспора во Швајцарија, нејзината интегрираност во швајцарскиот систем, и за можностите за продлабочување на соработката преку локални проекти.

 

Министерот Адеми се сретна и со господинот Оскар Тосато, кој е директор за спорт и социјална кохезија во градот Лозана. Господинот Тосато ја акцентираше соработката која досега градот Лозана ја реализирал со земјите од Западен Балкан и притоа стави до знаење дека градот Лозана е отворен за соработка и поддршка на локални проекти во рамки на Република Северна Македонија

 

На двете средби министерот Адеми истакна дека со неговото назначување на министер задолжен за дијаспора, во целост се сменил пристапот на државата кон дијаспората. Во таа смисла, Владата на Република Северна Македонија ја усвои првата Национална стратегија за соработка со дијаспората, при што преку проектите и активностите кои произлегуваат од истата, соработката помеѓу државата и дијаспората ќе се крене на едно повисоко ниво. Притоа, Стратегијата е основа за многу заеднички проекти со македонската дијаспора, кои притоа би биле поддржани и од соодветните држави каде дијаспората во моментов престојува.

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: