Блиската соработка со дијаспората е можност за развој во економската сфера

Денеска Министерот без ресор – задолжен за дијаспора Џемаил Чупи, во работна посета го прими директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот во Република Северна Македонија, г. Беким Емини. Заедно разговараа за важноста на создавање и имплементација на таканаречената „Бизнис дијаспора“, поточно база на податоци за секој успешен претприемач во дијаспората и промоцијата на можностите и државната поддршка за нивните инвестиции во татковината.

Macedonian