Министерот г. Џемаил Чупи го посети Културно информативниот центар во Њујорк (Менхетен)
Во последните денови од престојот во САД на Министерот задолжен за дијаспора Др. Џемаил Чупи, имајќи ја предвид улогата на културата во афирмацијата на Република Северна Македонија во странство, го посети Културно-информативниот центар во Њујорк, чија улога е да ја унапредува соработката во областа на културата на дијаспората што живее во САД. Годишната програма за активностите на овој центар ја носи Министерството за култура врз основа на проектите поднесени од годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес од областа на културата.
Во друштво на директорот за инвестиции, г. Емини, генералниот конзул г. Панев и конзулот г. Ѓорчев во Њујорк министерот беше примен од директорот на културно информативниот центар г. Горазд Поповски и зборуваше за што поголема промоција на овој центар преку проекти на Министерството за култура.