Средба на министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми со амбасадорот на Израел во Република Македонија, Дан Орјан
18 ноември 2017
Министерот во Владата на Република Македонија Едмонд Адеми, задолжен за дијаспората, денес оствари работна средба со амбасадорот на Израел во Република Македонија, г-н Дан Орјан.
На средбата министерот информираше за усвојување на Информацијата за потребата од изготвување Национална стратегија за соработка со дијаспората 2018/2023, како прв чекор кон систематски и институционален пристап кон дијаспората, како важен столб за развојот на Република Македонија.
Амбасадорот Дан Орјан, истакна дека дијаспората е многу важен партнер и дека Израел има големо искуство со дијаспората каде што со задоволство ќе ги разменат нивните искуства.
Искуството на Израел во ангажирање и инволвирање на својата дијаспора во политичките, економските, културните и образовните процеси е огромно, и има многу што да се научи од нив, и верувам дека заедничката соработка во периодот што следи, ќе биде од огромно значење за нас, со што дополнително ќе се зајакнe пријателството помеѓу Република Македонија и Израел, рече министерот Едмонд Адеми.