Министерот г. Џемаил Чупи во Минхен, Германија ја посети најстарата организација на Европската Унија "Пан-Европска Унија"

Во Минхен, во седиштето на најстарата организација на Европската заедница, Пан-Европска Унија , министерот д-р Џемаил Чупи, се сретна со претседателот на Унијата (германската огранка),  г-дин Бернд Поселт кој беше пратеник во Европскиот парламент од 1994 до 2014 година и голем подржувач на нашата земја во процесот на добивање датум за започнување на преговорите со ЕУ. Информираше за развојот на војната во Украина и притоа изрази стравување дека крајот на војната во Украина не е на повидок и дека кризата може да се прошири и на други држави. На средбата исто така министерот д-р Џемаил Чупи, го запозна соговорникот со неговата работа како министер задолжен за дијаспора.

Macedonian