Министерот г. Џемаил Чупи во Берлин, Германија оствари средба со наставници за дополнителна настава на мајчин јазик
Поттикнат од идејата за проширување на програмата за настава по мајчин јазик во дијаспората, за време на престој во Берлин министерот д-р Џемаил Чупи, се сретна со г-ѓа Ана М. Смилевска и г-ѓа Аниса Беќировиќ, двете наставнички за дополнителна настава на мајчин јазик. Се разговараше за приоритетите и предизвиците да се биде учител во дијаспората и заеднички заклучивме дека овој проект дефинитивно треба да се прошири и во другите населени места, заради зачувување на идентитетот и јазикот.