Министерот г. Џемаил Чупи во работна посета на здружението Сонце во Корча, Албанија

Во просториите на Амбасадата на Република Северна Македонија во Тирана се одржа средба со г. Васил Стерјовски, поранешен пратеник и Претседател на друштвото ,,Сонце" од Корча.
Г. Стерјовски информираше за активностите на друштвото и детално ги претстави состојбите на Македонското национало малцинство и другите признаени малцинства кои живеат во Република Албанија. Го истакна како значаен претстојниот попис на населението во Република Албанија, како и потребата за уште поголема подршка од страна на нашата држава во зачувувањето на националниот и културен идентитет на македонското национално малцинство во Репубика Албанија.
Министерот Чупи, истакна дека Кабинет на Министерот ќе се залага за идна соработка со сите наши здруженија во Република Албанија, особено во делот на културата, образованието, издаваштвото и изучувањето на мајчиниот јазик и потсети дека ќе се продолжи со финансирањето на проекти од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Macedonian