Министерот Чупи, со информација до нашите иселеници во СР Германија за зголемување на конзуларните капацитети

Со големо задоволство министерот Чупи, ја информира нашата дијаспора во Сојузна Република Германија, а особено оние од сојузните покраини Северна Рајна-Вестфалија, Хесен, Рајнска област-Пфалц, Нидерсахсен, дека нашите заложби за излегување во пресрет на нашите иселеници за што поефикасно и поквалитетно пружање на конзуларни услуги од страна на Одделението на Амбасадата во Бон, поради големиот број на дијаспора на овие простори, вродија плод. 

Известуваше дека Министерството за Надворешни Работи летово планира да го зголеми бројот на дипломатско-конзуларниот персонал во Одделот на амбасадата во Бон, каде ќе ја преземат должноста еден дипломат од групата секретарски дипломатски звања и еден помошно-стручен службеник, а во иднина ќе се отворат нови можности за зголемување на персоналот на претставништвото.

Macedonian