Претставникот од кабинетот на Министерот задолжен за дијаспора, г. Алберт Деде во работна посета на Албанија

Претставникот на кабинетот г. Алберт Деде, во својство на посебен советник на министерот задолжен за дијаспора Д-р. Џемаил Чупи, следствено на неговата средба пред неколку дена со државните претставници на Албанија за дијаспората, г. Краши и г-ѓа. Куко, каде се договорија за размена на позитивни искуства во служба на дијаспората, оствари работна средба со префектот на префектурата Корча, г. Нертил Јоле, со извршната директорка на Националната агенција за дијаспора - Тирана, г-ѓа. Сонила Хиси, со ангажираната за дијаспора при Префектурата Корча, г-ѓа. Орнела Бена, со директорот на Локалната дирекција за граници и миграции за регионот на Корча, г. Фатмир Хоџа, како и со градоначалникот на Општина Пустец, г. Пали Колефски.

Средбата беше многу плодна, каде разменивме позитивни размислувања и искуства од областа на прашањата на дијаспората и функционирањето на информативните центри за мигрантите за време на нивниот престој во татковината, кој е сличен на нашиот проект „Центар за дијаспора на локално ниво“.
 

Macedonian