Министерот Чупи, со барање до надлежните институции за отворање на посебна лента на граничните премини

Ние можеме повеќе од ова, ако имаме волја! 
Одговор на барањето за отварање на посебна дополнителна лента со цел да се олесни влез на иселениците во нивната земја.

Со оглед на тоа што се наближува периодот на летните одмори, министерот Чупи им посакува добредојде на сите граѓани на РСМ што живеат во странство.
Слушајќи го гласот на нашата дијаспора, со сета волја преземавме разни иницијативи за да ги заштитиме правата на нашата дијаспора, за тоа меѓу другото испративме и едно барање до Министерството за внатрешни работи со предлог да се отвори дополнителна посебна лента за да се избегнат долгите чекања на нашата дијаспора, особено во периодот јули-август. 
Од МВР е добиен рапиден одговор дека веќе се преземени соодветни мерки и активности, односно дека тие ги користат сите човечки и технички можности и изработуваат и спроведуваат посебни акциски планови и обезбедуваат квалитетно и професионално профилирање со цел намалување на нивното време на чекање.

Секако голем број на граѓани и здруженија континуирано го контактираат кабинетот со поплаки, предлози и барања во врска токму со ова прашање, поради тоа потребно е да се потрудиме малку повеќе како Влада и институции земајќи го во предвид нивното легитимно барање што е можно поскоро. 
Меѓу другото, министерот Чупи истакна, дека нивните права ги имаат загарантирани со устав и закон, бидејќи тие се дел од нас, а ние сме нивни; Тие се враќаат во нивните домови, во нашите домови; Тие се најскапоцените во општеството и го заслужуваат нашиот максимален пречек и почит; Тие се во поголем бројки отколку што можеме да замислиме; и на крај на краиштата, тие ја одржуваат економијата на нашата земја; Со други зборови: НИЕ НЕ ВРЕДИМЕ БЕЗ НИВ. 
Затоа ако навистина сакаме да ја зацврстиме врската со нашата дијаспора, треба да ги сослушаме.


 

Macedonian