Министерот Чупи учествуваше на церемонија на поставување камен темелник на фабрика за електромобилни во Тетово

Во градот Тетово во свечена атмосфера се одржа инаугурацијата и потпишувањето на договорот меѓу германската компанија за производство на електрични возила Next.e.GO Mobile и претставникот на Владата за слободната економска зона во Тетово.

Иницијатор на оваа капитална инвестиција е албанскиот филантроп и бизнисмен г. Лазим Дестани, по потекло од Тетово, кој успеа да направи голема инвестиција во родниот крај.
Ваквите капитални инвестиции од дијаспората се секогаш добредојдени кај нас бидејќи обезбедуваат можности за работа на граѓаните, економски развој на државата и враќаат надеж кај нашата младина.
 


Macedonian