Министерот Чупи оствари средба со градоначалникот на Лозана, г. Грегоар Јунод

Министерот Чупи, во рамки на работната посета на Швајцарската Конфедерација, оствари средба со градоначалникот на градот Лозана, г. Грегоар Јунод.

За време на оваа средбата беа разменети искуства во поглед на соработката со дијаспората и миграцијата, исто така министерот Чупи го информираше градоначалникот на општината и за активностите на кабинетот поврзани со нашата дијаспора во Швајцарската Конфедерација.

Меѓу другото, посебен дел од оваа средба беше и веста на градоначалникот на општината дека г.дин Башким Исени, со потекло од РСМ е раководител на Секторот за миграција во Градот Лозана, што ќе претставува мост за идни директна соработки со градови и општини во РСМ во повеќе области, со посебен акцент со тие општини што прифатиле да отворат Центри за дијаспора.

Градоначалникот  изрази благодарност за посетата, што претставува дополнителен факт за интеграција на нашата дијапора во Швајцарската конфедерација.

 

Macedonian