Министерот Џемаил Чупи учествуваше на отворањето на џамијата „ЕБУ ХАНИФЕ“ - Троисдорф

Во организација на Културното здружение „ЕБУ ХАНИФЕ“ во Троисдорф, Сојузна Република Германија, министерот д-р. Џемаил Чупи, учествуваше на свечената манифестација на отворањето на џамијата „ЕБУ ХАНИФЕ“.

Министерот Чупи им се обрати на присутните со поздравни зборови, посакувајќи им оваа џамија да им служи на верниците од овој крај како ориентација во регулирањето на нивниот верски и социјален живот.

Присутен на овој настан беше поглаварот на Исламската верска заедница, г. Шаќир Фетаху, градоначалникот на општина Троисдорф, г. Александер Бибер, претставници на католички и протестантски цркви, верски културни здруженија, муфтии, еминентни професори, бизнис мрежи, како и многу граѓани од нашата дијаспора кои живеат таму.

 

Macedonian