Иселувањето на граѓаните на Република Северна Македонија
Владата на РСМ се повеќе бара начини за зајакнување на перспективи за соработка со нашата дијаспората. Германија Италија и Швајцарија се европски држави во кои има најголем број од нив.
Според извештајот на ИОМ за Светска Миграција , РСМ е во топ 20те земји со најголема емиграција. А согласно податоците на Светската Банка најголем број (60%) на дознаки со странски валути се од Европските земји, односно, Германија 23%, Италија 22%, Швајцарија 11%, Австрија 5%.
Земајќи ја во обзир географската движењето на граѓаните од Северна Македонија во Европските земји домаќини, Германија, Италија, Швајцарија, Австрија и Словенија се земји со најголем број на нашата дијаспора. Австралија, САД и Канада се прекуокеански земји со повеќе од 400,000 државјани од РСМ.
Фамилијарните причини, немањето работа и образованието остануваат главни причии за емиграција.
Во 2018 и 2019 год бројот на граѓани од Северна Македонија кои заминаа да живеат во странство (проток на податоци) беше 24,000 и околу 26,700. Странски извори потврдија дека вкупниот број на граѓани од Северна Македонија кои останале во странство (податоци за залиха) од околу 527,000(2010) достигна скоро 700,000 лица (2020) што значи скоро една третина од целото население.
Преку признавањето на потенцијалот на нашата дијаспора вклучена преку, финансиски, човечки и општествени ресурси, Владата на РСМ направи значајни напори во осмислувањето на мерките за систематизирање на ангажманот на дијаспората во земјата, во Националната стратегија на РСМ за соработка со дијаспората 2019-2023, која се карактеризира со цели и активности насочени кон вклучувањето на дијаспората во размената на знаење,инвестиции и други придонеси.