Претставници на кабинетот на министерот задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи, учествуваа на дводневната обука за градење капацитети: „Дознаки во Северна Македонија: компаративна анализа и мерки за подобрување“

На првиот ден од дводневната обука за јакнење на капацитетите назована: "Дознаките во Северна Македонија: Компаративна анализа и мерки за подобрување", организирана од страна на ИОМ (International Organization for Migration) и УНФПА (United Nations Population Fund), каде од Кабинетот на министерот задолжен за дијаспора, учествуваа Сејди Демири, надворешниот советник и Вања Христовска Каил, советник за соработка со меѓународни организации.

Преку Power point презентација, беа претставени миграциските трендови што претставуваат важен податок за приливот на дознаките во нашата земја, за што се даде една глобална и регионална споредба.

Важно за истакнување е и анализата за приватните парични трансфери од наши граѓани од дијаспората што се испраќаат преку нивните банкарски сметки, агенции за брз трансфер на пари и неформални канали.

Обуката има за цел подобрување и усовршување на податоците со цел креирање на подобри миграциски политики.

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: