Министерот д-р. Џемаил Чупи се сретна со претставниците на „Дипломатскиот клуб“ во Скопје
Во текот на интензивните средби со претставници од различни области, денес министерот д-р. Џемаил Чупи имаше чест да се сретне со претставниците на „Дипломатскиот клуб“ во Скопје и воедно издавачот на списанието „Дипломатски летопис“, г. Виктор Габер и уредникот г. Димитар Белчев.
Г-дин Габер и г. Белчев се поранешни дипломати од кариера во дипломатијата од прогласувањето на независноста на нашата земја.
На средбата разменија мислења и искуства од областа на дијаспората од перспектива на дипломатијата. Тие на средбата искажаа интерес за интервју/напис во следниот број на списанието „Дипломатски летопис“, во кој истовремено ќе се промовираат активностите на министерот ангажиран за дијаспора и кабинетот во исполнувањето на работните обврски што произлегуваат од Националната стратегија за соработка на областа на дијаспората 2019-2023 година.