Министерот Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Теарце, г. Нухи Незири

Денес во општина Теарце со градоначалникот на општината г-дин Нухи Незири, министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи потпиша договор за соработка во областа на дијаспората, поточно отворање на општинската канцеларија во рамки на проектот „Центар за дијаспора“.
Канцеларијата ќе работи со цел да обезбеди помош, поддршка и полесен пристап за нашата дијаспора.
Со овој договор го подигнуваме нивото на комуникација помеѓу централната власт и локалната власт со граѓаните од дијаспората за да им ја вратиме довербата во државните институции.
На оваа средба министерот беше придружуван од заменик директорот на Агенцијата за иселеништво, г-дин Измит Нура, додека присутни беа и заменик министерот за правда, г-дин Агим Нухиу и пратеничката г-ѓа Фиснике Бектеши Шаќири.

Macedonian