Референдумот е од клучно историско значење за Република Македонија - Република Словенија со целосна поддршка

Macedonian

Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд  Адеми во придружба на директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Никола Шалваринов, денеска имаа средба со Претседателот на Република Словенија, Борут Пахор и со Претседателот на националното собрание (Државни збор) на  Словенија,  Дејан  Жидан.

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми и директорот на агенцијата за иселеништво Шалваринов во работна посета на Словенија и Италија

Macedonian

Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспората, г. Едмонд Адеми, од 11 до 17 септември 2018 година, во придружба на директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Никола Шалваринов, ќе престојува на работна посета на Република Словенија и Италијанска Република.

Владина делегација предводена од министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми во посета на Германија: Изразена поддршка на Владата на патот кон евроатлантските интеграции

Macedonian

Министерот задолжен за за дијаспора Едмонд Адеми, придружуван од директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов, од 1 -4 септември престојуваа во работна посета во Берлин и Бремен, во Сојузна Република Германија.

Јавен повик на министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми

Macedonian

Имаме граѓанска одговорност. Сега е време за одлука!

Почитувани сонародници во дијаспората,

Собранието на Република Македонија, на 30 јули 2018 година, врз основа на постигнатиот Договор меѓу Република Македонија и Република Грција, донесе Одлука за распишување референдум кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година, на кој граѓаните ќе одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. 

Pages