Визија и мисија

Визија - Воспоставената широка и ефективна соработка на Република Северна Македонија и на дијаспората, во различни области, базирана на заемен интерес и доверба, станува двигател на социо-економскиот и културниот развој на земјата и на развојот и реализацијата на човечкиот и материјалниот потенцијал на дијаспората и нејзините национални вредности.


Мисија - Да ја реафирмира посветеноста на Владата на  Република  Северна  Македонија кон дијаспората, преку развој на кохерентен и конзистентен систем на институционална и политичка рамка, за секој претставник на дијаспората да има осигурани права, да има сознанија за можностите и да може да придонесе за одржлив развој на Република Северна Македонија, преку остварување на значаен и заемен бенефит.
 

Macedonian