ПОЛИТИЧКО - ПРАВНИ И КОНЗУЛАРНИ ПРАШАЊА

Унапредување на регулаторната рамка и институционалните капацитети, во насока на поголема политичка вклученост и остварување на граѓанските и социјалните права на дијаспората, во функција на градење на довербата и воспоставување на нејзина ефективна соработка со државата.


Сознанијата за постојните можности и досегашните ефекти од политичката вклученост на дијаспората ја наметнуваат потребата за нивно проширување и унапредување во насока на поголема и реална инволвираност на дијаспората во политичките процеси и во креирање на политиките во земјата. Во делот на политичката и административна соработка со дијаспората вниманието е фокусирано на три сегменти: унапредување на регулаторната рамка и институционалните капацитети поврзани со дијаспората; политичката вклученост на дијаспората; остварување на нејзините граѓански и социјални права. Притоа, институционалните политики за воспоставување на ефективна соработка и градење на довербата со дијаспората, покрај унапредување на постојната регулаторна и институционална рамка, вклучително и на активностите на македонските ДКП во странство, претпоставуваат коoрдинација на државните институции и на организациите на дијаспората за прашања од заемен интерес. Во Стратегијата се идентификува и потребата за континуирано унапредување на условите за: заштита на правата и положбата на претставниците на дијаспората, издавање на патни, лични и други документи, пристап до социјално осигурување и трансфер на пензии.
 

Macedonian