КУЛТУРНИ ВРСКИ, КУЛТУРЕН ИДЕНТИТЕТ И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

•    Културни врски, културен идентитет и културно наследство:


Воспоставување и унапредување на културните врски со дијаспората во различни области за зачувување на културниот идентитет и културното наследство.
Ова е еден од четирите приоритети во Стратегијата, кој е условено стратешкото значење зазачувување на културниот идентитет на дијаспората, како и од нејзиниот раст на полето на културните работници и уметници ширум светот.При соработката со дијаспората се идентификуваат повеќе насоки на дејствување, но со фокус и принципи на соработка кои суштински се менуваат. Промовирањето на културата и зачувувањето на културниот идентитет на дијаспората подразбира воспоставување нови форми на соработка на културните субјекти во земјата и претставниците/организациите од дијаспората, зголемување на бројот на културни настани и нивна медиумска промоција, како и вмрежување и партнерство за реализација и поддршка на заеднички културни активности. Дополнително, грижата за мајчиниотјазик како што е културното наследство и соработката на полето на библиотечната дејност се идентификувани како важни области на дејствување.
 

Macedonian