Министерот г. Џемаил Чупи се сретна со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Г-ѓа Кејт Брнз!

Неколку дена пред закажаното патување во Соединетите Американски Држави заради средба со дијаспората, Министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи во просториите на Владата на Република Северна Македонија на официјална средба ја прими нејзината Екселенција, Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Г-ѓа Кејт Брнз.
 

На оваа многу плодна и значајна средба со амбасадорот, министерот Чупи ја искористи приликата да им се заблагодари на Соединетите Американски Држави за континуираната поддршка на Република Северна Македонија во нејзиниот евро интегративен процес. Во рамките на оваа средба, министерот Чупи ја презентираше стратегијата и работните проекти на неговиот кабинет кои се посветени на нашата дијаспора, особено во областа на културата, науката, образованието, странските инвестиции итн. Меѓу другото, се зборуваше конкретно за нашата дијаспора во Соединетите Американски Држави, каде министерот планира посета во наредните денови. Фокусот на разговорот беше насочен  кон воспоставување мостови на комуникација помеѓу централната и локалната власт и градовите каде што е концентрирана нашата дијаспора.

Амбасадорката ги поздрави идеите и проектите на г. Чупи за дијаспората и во оваа прилика изрази подготвеност и заложба фокусот на соработката да биде насочен кон унапредување на можностите за побрз, побезбеден и поевтин трансфер на девизните дознаки и создавање претпоставки за нивно попродуктивно користење. 

Macedonian