Министерот Чупи пречека на средба претседателот и претставниците на Унијата на исламски центри во Германија

Деновиве кога нашите иселеници престојуваат во својата татковина, министерот Чупи оствари средба со г. Менсур Халили претседател на Унијата на исламски центри во Германија, Реџеп Сулејмани заменик-претседател, професор Амир Џеладини член на огранокот на унијата во покраината NRW и со Муса Ферати член на огранокот на унијата во покраината NRW.
Средбата со претставниците на унијата беше пријатна и каде што разговара за актуелните теми кои ја засегаат нашата дијаспора во Германија.
Министерот Чупи ги информира и за работата и активностите што Кабинетот за дијаспора ги презема во насока на унапредување на прашањата и решавање на проблемите со кои се соочуваат нашите иселеници за време на престојот во татковината.

Macedonian