За време на работната посета на министерот Џемаил Чупи на Швајцарската Конфедерација, оствари неколку интензивни средби со Исламските културни центри и одбори на џамиите

Во рамки на работната посета на Швајцарија, министерот Џемаил Чупи оствари интензивни средби со повеќе исламски културни центри и џамиски одбори.

Министерот Чупи, им изрази благодарност од неговата и од страната на Владата на Република Северна Македонија за нивниот придонес во татковината во сите области, како во носењето дознаки и хуманитарна помош, така и за процесот на цензус на дијаспората во Швајцарија, каде што неуморно работеа за успешна регистрација, што резултираше со над 65 илјади државјани на РСМ во Швајцарија. 

Сите овие исламски центри се дел од Унијата на албанските исламски заедници во Швајцарија и вкупниот број на нивните членови е над 20 илјади.

Подолу следува списокот на џамии што ги посети делегацијата

1. Верски културен центар „Дитуриа“ во Женева, каде што бев примен од раководството и имам Ријад Алиу.
2. Центарот за култура и интеграција во Лозана, каде што бев примен од раководството и имам Феим Абази.
3. Албанската исламска културна заедница во Фрибург, каде што бев примен од нејзиното раководство.
4. Швајцарско-албанскиот културен центар во Аарбург каде нè пречека џемаатот и имамот Нехат Исмаили.
5. Албанскиот исламски центар во Алтендорф, кој беше примен од нивното раководство и членство.
6. Исламската заедница во Фрауенфелд каде што бев примен од раководството на чело со г. Санакоси и имамот Фесал Фетаи.
7. Исламски центар „Бухари“ во Сулген каде што бев примен од раководството и имамот Ахмед Мемеди.
8. Исламскиот центар и џамијата „Ел Хидаје“ каде што бев примен од раководството и имамот Мехас Алија.
9. Во исламскиот центар во Вил, кој се смета за еден од најголемите центри на албанската заедница во Швајцарија, се сретнавме со имам Веким Алими и дел од раководството и ветивме дека во иднина ќе имаме средба и со членството и џемаатот. 

Исто така, се очекува следниот пат да биде посетена џамијата „Тулипан“ поради нејзината важност.

Macedonian