Новости
Јавен повик на министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми
Имаме граѓанска одговорност. Сега е време за одлука!
Почитувани сонародници во дијаспората,
Собранието на Република Македонија, на 30 јули 2018 година, врз основа на постигнатиот Договор меѓу Република Македонија и Република Грција, донесе Одлука за распишување референдум кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година, на кој граѓаните ќе одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.
Свечено отворање на Летната школа по мајчин јазик на Агенцијата за иселеништво на Р.М
27 јули 2018
Вчера попладне, во просториите на Конгресниот центар во Охрид, беше отворена свечената манифестација, по повод десеттата Летна школа за изучување мајчин јазик, проект на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. Основната мисија и цел на функционирање на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија е поттикнување, помагање и одржување на националниот идентитет кај иселениците, преку негување на мајчиниот јазик, културата и традиционалните вредности на иселениците во средините каде што живеат.
Промоција на Прирачник за иселеници, Сликовница за изучување на мајчиниот јазик и новата веб страна на Агенцијата за иселеништво за дијаспората во целиот свет
06 јули 2018
Вчера попладне, во Македонската опера и балет, Агенцијата за иселеништво на Република Македонија на свечена промоција ги презентираше трите нови проекти кои се од суштинско значење за иселениците од Македонија во дијаспората.
Со изработката на Прирачникот за иселениците, Сликовница за изучување на мајчиниот јазик за децата на иселеници во дијаспората и новата Веб - страна, Агенцијата за иселеништво овозможи реализација на потребите, целите и барањата на иселениците во земјите во коишто живеат, работат и организирано дејствуваат.