Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората
Ве информираме дека Министерството за надворешни работи на Република Македонија објави Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората , кој финансики е поддржан и од Министерот задолежен за дијаспора во Владата на Република Македонија.
РЕАКЦИЈА НА ПИСМОТО НА ФОРУМ ЗА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА
Министерот за дијаспора во Владата на Република Македонија, Едмонд Адеми, и кабинетот на министерот, жалат за ваквата одлука на Форумот за Демократска Македонија да се повлече од работната група за Стратегијата за соработка со дијаспората, и истата ја сметаат за избрзана. Од тие причини, оставаме отворена врата за соработка во иднина.
Министерот Едмонд Адеми и претседателот на претседателството на турците во странство, Абдулах Ерен, договорија потпишување на Меморандум за соработка во областа на дијаспората.
Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, денеска, оствари работна средба со претседателот на претседателството на турците во странство , г-дин Абдулах Ерен
Во разговорите беа разменети мислења и заеднички предизвици со кои се соочуваат нашите земји во контект на дијаспората, и во таа насока министерот Адеми и претседателот Ерен се договорија во наредниот период да се потпише Меморандум за соработка, со која би се размениле знаења и искуства и ќе се реализираат заеднички проекти во насока на зајкнување на нашите заеднички интереси во делот на дијаспората.