Дијаспората претставува можност за промоција на културата, образованието и изградба на мостови за соработка меѓу државите

09 јули 2018

Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, денеска, оствари средба со амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, г-дин Карло Ромео.

Министерот Адеми за време на разговорите опширно го информираше соговорникот со активностите на неговиот Кабинет околу Националната стратегија и основните столбови за соработка со дијаспората во повеќе области од нејзин интерес.

Macedonian

Промоција на Прирачник за иселеници, Сликовница за изучување на мајчиниот јазик и новата веб страна на Агенцијата за иселеништво за дијаспората во целиот свет

06 јули 2018

Вчера попладне, во Македонската опера и балет, Агенцијата за иселеништво на Република Македонија на свечена промоција  ги презентираше трите нови проекти кои се од суштинско значење за иселениците од Македонија во дијаспората.

Со изработката на Прирачникот за иселениците, Сликовница за изучување на мајчиниот јазик за децата на иселеници во дијаспората и новата Веб - страна,  Агенцијата за иселеништво овозможи реализација на потребите, целите и барањата на иселениците во  земјите во коишто живеат, работат и организирано дејствуваат.

Macedonian

Трет состанок на Меѓувладина мешовита комисија за спроведување на Спогодбата за заштита на македонското малцинства во Република Хрватска и хрватското малцинство во Република Македонија

18 јуни 2018

 

 

Денес (18.06.2018), се одржа Третиот по ред состанок на Меѓувладината мешовита комисија (ММК) за спроведување на Спогодбата меѓу Република Македонија и Република Хрватска во сферата на националните малцинства.

Macedonian

Достоинствен договор што го потврдува идентитетот и ја гарантира иднината

16 јуни, 2018 година

Почитувани сограѓани на Република Македонија во дијаспора.

Овие денови, сите ние, граѓаните на Република Македонија, тука, во државата, и во дијаспората, учествуваме и го испишуваме новото поглавје во нашата историја. Поглавје во кое со конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство го решаваме отвореното прашање меѓу Република Македонија и Република Грција, истовремено градиме пријателство и меѓусебна доверба меѓу двете земји и двата народи, кое никогаш не било поголемо. 

Macedonian

Pages