Министерот Чупи во градот Crissier оствари средба со претставници на здруженијата на нашите иселениците

Во Швајцарската конфедерација во градот Crissier, министерот Чупи оствари заедничка средба претставниците на Форумот на македонските здруженија, Македонскиот национален совет, Македонското добротворно друштво Пирок, Унијата на наставници во Швајцарија. На оваа многу плодна средба, министерот Чупи ги ислуша нивните легитимни барања и предлози исто така ги информираше за дополнителната настава на мајчин јазик, како и за улогата на центрите на дијаспората во 23 општини на РСМ, проект кој ги разбуди нивните љубопитност.

Macedonian

Министерот Чупи оствари средба со градоначалникот на Лозана, г. Грегоар Јунод

Министерот Чупи, во рамки на работната посета на Швајцарската Конфедерација, оствари средба со градоначалникот на градот Лозана, г. Грегоар Јунод.

За време на оваа средбата беа разменети искуства во поглед на соработката со дијаспората и миграцијата, исто така министерот Чупи го информираше градоначалникот на општината и за активностите на кабинетот поврзани со нашата дијаспора во Швајцарската Конфедерација.

Macedonian

Министерот Чупи оствари средба со претставниците на Сојузот на наставници и родители Албанци Наим Фрашери, Женева

Следна средба во Швајцарската Конфедерација, министерот Чупи го оствари со Сојузот на наставници и родители Албанци Наим Фрашери, Женева, оваа средба се одвиваше во многу конструктивна атмосфера, споделувајќи притоа двострани информации во врска со начините и можноста за организирање на дополнителна настава за децата на нашата дијаспора во Швајцарија, со посебен акцент во француското говорно подрачје.
Обострана се искажана желба за поинтензивна соработка во областа на образованието, културната.

Macedonian

Министерот Чупи оствари срдечна средба со претставниците на културно-верскиот центар „Дитурија“

Министерот Чупи оствари срдечна средба со претставници на културно/верскиот центар "Дитуриа" во Женева, за време на средбата имаше можност да се запознае за нивните годишни активности, меѓу другото и околу организирањето на дополнителната настава по мајчин јазик. Присутните изразија голема благодарност за посетата на која што непосредно размениа мислења и начини за плодна меѓусебна соработка.

Macedonian

Pages