Министерот г. Џемаил Чупи се сретна со Комитетот за национални малцинства во Советот на министри на Република Албанија
На средбата со членовите на Комитетот за национални малцинства во Советот на министри на Република Албанија се разговараше за состојбите со националните малцинства во Р. Албанија со посебен акцент на положбата на македонското национално малцинство(МНМ).
Г.ѓа Бежани, претседателката на Комитетот информираше за работата и активностите на Комитетот и ги претстави неговите членови, кој брои девет национални малцинства, меѓу кои и Македонското национално малцинство (МНМ), претставено од г. Марјана Фелах (Костофски).