За нашата дијаспора во Германија!
За време на официјалната посета на министерот задолжен за диајспора, д-р. Џемаил Чупи, пред неколку месеци на Сојузна Република Германија и на средбата што ја имаше со сојузната министерка задолжена за миграција и интеграција, г-ѓа Алабали-Радован, која навести нејзино континуирано инсистирање за измени на Законот за мигранти, ја споделуваме веста дека германскиот Бундестаг денес ги одобри измените на Законот за миграција, со кои им се дава шанса на барателите на азил кои живеат во Германија пет или повеќе години, како и на работниците со квалификации, да добијат дозвола за постојан престој.