Средба на министерот Едмонд Адеми со нашата дијаспора во Франција. Адеми: Прогресивни, Интегрирани...Ова е таа дијаспора, нова слика која е вистинското огледало на нашата држава.
На 26.03.2019 министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми оствари срдба со македонската дијаспора во Франција.
Средбата се реализираше во просторите на амбасадата на Република Северна Македонија во Парис, во организација амбасадорката, г-ѓа Јадранка Чаушевска Димов. На средбата присуствуваше и државниот секретар на МНР, Виктор Димовски и директорот на агенцијата за иселеништво , Никола Шалваринов.