РАБОТНА ПОСЕТА НА МИНИСТЕРОТ ЗАДОЛЖЕН ЗА ДИЈАСПОРА, ЕДМОНД АДЕМИ НА ИТАЛИЈА И ВАТИКАН, 06-09 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

Министерот Едмонд Адеми на 6 април ќе учествува на церемонијата на одбележување на  десет годишнината од катастрофалниот земјотрес во  градот Акиле во Италија, каде животот го загубија 309 луѓе, меѓу кои и пет државјани на Република Северна Македонија. Во Акиле министерот Адеми ќе реализира средба со претседателот на Регионот Абруцо и градоначалникот на општина Поџио Пиценче.

Macedonian

Средба на министерот Едмонд Адеми со нашата дијаспора во Франција. Адеми: Прогресивни, Интегрирани...Ова е таа дијаспора, нова слика која е вистинското огледало на нашата држава.

На 26.03.2019 министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми оствари срдба со македонската дијаспора во Франција.

Средбата се реализираше во просторите на амбасадата на Република Северна Македонија во Парис, во организација амбасадорката, г-ѓа Јадранка Чаушевска Димов. На средбата присуствуваше и државниот секретар на МНР, Виктор Димовски и директорот на агенцијата за иселеништво , Никола Шалваринов.

Macedonian

Едмонд Адеми: Прогресивна и интегрирана Европа заедничка цел. Средба со пратеници во Француското Национално Собрание.

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, на 26.03.2019 , оствари работна средба со Претседателот на Групата за македонско-француско пријателство во Националното собрание на Франција, Бертран Сор и пратеничката Лилиан Танги која е и член на Комисијата за надворешни работи при Националното Собрание. На средбата присуствуваше и амбасадорката на Република Северна Македонија во Франција, г-ѓа Јадранка Чаушевска и директорот на агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов.

Macedonian

Адеми: Со Мајка Тереза се гордеат сите граѓани на Република Северна Македонија

Пораки за мир, разбирање и меѓусебно почитување беа истакнати на денешното отоврање на статуата на Света Мајка Тереза во хрватскиот град Карловац. На свечениот настан присуствуваше министерот за дијаспора Едмонд Адеми, кој во својот говор високо го истакна ликот на Света Мајка Тереза.

Macedonian

Pages